Возачот на „Ламборџини“ вреден 460.000 евра се врати дома пеш и во солзи откако неговиот суперавтомобил беше запленет од полицијата.
Loading...
Полицијата вели дека возачот одлучил да не ја плати казната за жолтиот спортски автомобил веднаш бидејќи била „прескапа“.
Британската сообраќајна полиција објави дека го запрела и го запленила автомобилот бидејќи возачот веќе бил предупреден дека „вознемирува други луѓе и учесници во сообраќајот“.
„Авентадор“ може да чини повеќе од 450.000 евра, може да достигне брзина од 340 километри на час и го придвижуваат 690 коњски сили.