Возач на автобус во Куманово бил физички нападнат, откако три лица го запреле попречувајќи му го патот со автомобил.
Loading...
– На 06.10.2023 во СВР Куманово С.Т.(63) од Куманово пријавил дека околу 16.10 часот додека управувал автобус, сопственост на фирма од Куманово, на релација од Петровец до Куманово, во близина на раскрсницата помеѓу ул.„3-та МУБ„ и ул.„Тоде Мендол“ во Куманово му бил попречен патот од патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегле три лица кои започнале расправија со него, по што едно од лицата физички го нападнало, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски