Му фалело железо? Лекарите од стомакот му извадиле килограм штрафови!

Сподели со своите пријатели

Литванските лекари отстраниле повеќе од килограм штрафови и завртки од стомакот на маж кој почнал да голта метални предмети откако престанал да пие алкохол.

Мажот, кој не бил идентификуван поради доверливоста на податоците на пациентот, бил примен во болницата во балтичкиот пристанишен град Клаипеда со силни болки во стомакот.

Рентген снимката од неговиот стомак покажала парчиња метал, од кои некои биле долги 10 сантиметри.

 

 

„За време на тричасовната операција, сите туѓи тела, дури и најмалите, беа отстранети од стомакот на пациентот“, објасни хирургот Сарунас Даилиденас, додавајќи дека за време на постапката, со рентгенските зраци било проверено дали има оставени предмети.

„Никогаш не сме виделе нешто слично“, изјави за локалните медиуми Алгирдас Слепавичиус, главен хирург во болницата Клаипеда.

Лекарот истакнал дека човекот почнал да голта метални предмети во последниот месец откако престанал да пие.

По операцијата пациентот бил во стабилна состојба.