Му дала телефон на детето да си игра, па ѝ направило смета од 2.700 евра

Сподели со своите пријатели

Едно седумгодишно дете ѝ приредило непријатно изненадување на својата мајка, откако таа му дозволила да си игра со нејзиниот телефон.

Loading...

За кратко време, малиот Германец успеал да потроши 2.753,91 евра за набавка на видео игри и придружна содржина, објави Центарот за консултации со потрошувачи во Долна Саксонија.

Имено, момчето покрај пристап до мобилен телефон добило и пристап до помал ваучер. Сепак, мајката заборавила дека и нејзината кредитна картичка е врзана за тој ваучер. И дете како дете…

Како што објасни Кетрин Корбер, адвокат на споменатиот центар, германските закони им дозволуваат на децата да купуваат преку интернет во износ од џепарлакот.

Претставувајќи ја мајката на која ѝ се случила оваа несреќа, таа напишала писмо до компанијата што продава видео игри, па поголемиот дел од долгот е отпишан – дури 2.654,31 евра.

Leave a Reply