Ракометарите на Куманово во недела на гостински терен ќе ги одмерат силите со ракометарите на Прилеп во рамки на второто коло од домашната Супер лига.
Избраниците на тренерот Аце Станковски ќе се обидат да направат победничка низа, откако во првиот натпревар сезонава на гостински терен го совладаа составот на РК Радовиш.
Мечот против ракометарите на Прилеп се игра во Спортската сала „Ристе Ристески Ричко“, со почеток од 18 часот.
Никола Ивановски