МРК Куманово утре го пречекува РК Струга

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре од 18 часот го пречекуваат составот на РК Струга во рамките на плеј аут делот од домашниот шампионат.

Првото коло на МРК Куманово носи вистински предизвик каде на домашен терен во Куманово доаѓа директниот конкурент во битката за опстанок РК Струга.

Не заборавајте недела 18 часот , МРК Куманово- РК Струга спортска сала на Средно економско училиште “Перо Наков” Куманово.

По регуларниот дел на сезоната во Машката ракометната Супер Лига најдобрите шест екипи на табелата ќе разигруваат за шампионската титула, додека тимовите од 7-то до 12 место ќе бидат дел од плеј-аут лигата и борбата за опстанок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дел од горивата од полноќ со нови цени