Ракометарите на Куманово утре го пречекуваат составот на РК Пролет во рамки на Машката ракометна супер лига на Македонија.
Иако гостинскиот состав влегува со блага предност од пет победи досега реализирани од почетокот на сезоната, кумановци нема лесно да се предадат, а ќе ја имаат и поддршката од домашната публика.
Досега МРК Куманово има впишано две победи што ги позиционира на претпоследно место во табелата, додека тимот на РК Пролет има пет добиени и еден нерешен натпревар што ги позиционира на две позици над Куманово, односно на 9. место во табелата.
Дуелот помеѓу двете екипи се игра утре од 19 часот во Спортската сала Куманово.
Никола Ивановски

