МРК Куманово утре го пречекува РК Алкалоид

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре со почеток од 19 часот на домашен терен го пречекуваат составот на РК Алкалоид во рамките на домашната Супер лига.

Откако тимот на претходниот меч забележа пораз од РК Пролет во финишот, сега атакува на победа, а во тоа ќе се обидат да им помогнат членовите на навивачката група Кумани кои најавија голема поддршка од трибините и ги повикуваат сите граѓани да им се придружат.

Во меѓувреме МРК Куманово остана без тренер, откако вчера Аце Станковски си даде оставка од позицијата.

Натпреварот се угра утре во Спортската сала Куманово, а влезот е симболични 100 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 26-годишен кумановец поради возење под дејство на алкохол

Никола Ивановски