Ракометарите на Куманово утре го пречекуваат составот на ГРК Охрид во рамките на машката ракометна Супер лига.
Станува збор за прв натпревар на домашен терен од пролетната полусезона, откако на стартот на гостување кумановци загубија од составот на лидерот на табелата РК Вардар.
Мечот ќе се одигра утре во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 19 часот.
Никола Ивановски

