Ракометарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на РК Еурофарм Пелисте 2 во рамки на 3. коло од машката Супер лига.
Тимот на Куманово од почетокот на сезоната бележи по една победа и еден пораз, а вториот тим на актуелниот шампион на Македонија ќе биде нов предизвик.
Натпреварот утре започнува од 19 часот во Спортската Сала Куманово, а влезот е слободен.
Никола Ивановски