Ракометарите на Куманово забележаа убедлива победа над РК Струга на вчерашниот натпревар кој го играа на домашен терен, со резултат 32-19.
Избраниците на тренерот Љубиша Димковски имаа контрола врз резултатот и играта на теренот од почетокот, па се до крајот на средбата, а можност за настап добија сите играчи во тимот.
Најдобри стрелци кај МРК Куманово беа Александар Стојков и Борјан Цековски со по шест постигнати гола, додека кај Струга, Стефан Атанасовски погоди вкупно шест пати.
Овој натпревар е последен за оваа година пред стартот на подготовките на машката ракометна репрезентација пред настапот на ЕП во Скандинавија кое ќе се одржи во јануари.
Никола Ивановски

