МРК Куманово се засили со двајца ракометари од Египет

Сподели со своите пријатели

Двајца интернационалци од Египет ќе го засилат составот на Машкиот ракометен клуб Куманово.

Како што потенцираат од клубот тие  ќе го засилат моменталниот играчкиот кадар и веднаш ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Радосављевиќ во продолжението од сезоната.

Станува збор за левиот бек Омар Мамду Радван Солиман и десниот бек Мохамед Карим Али Закарија.

Последниот нивен ангажман е во српскиот ракометен тим Металац Краљево.

Омар е актуелен младински репрезентативец на Египет и роден во 2005 година, додека Карим е една година помлад.

Двајцата ракометари потпишаа договор со кумановскиот суперлигаш кој е со важност оваа и наредната сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово

Никола Ивановски