МРК Куманово се засили со Бразилец и тројца Македонци

Сподели со своите пријатели

Машкиот ракометен клуб Куманово во новата сезона од домашниот шампионат ќе влезе засилен со тројца играчи од Македонија и еден од Бразил.

Loading...

Како што соопшти клубот, десниот бек од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис е првото ново засилување.

За него ова ќе биде прво искуство во Европа, а договорена е соработка на две сезони.

Тој доаѓа од Праиа Клуб, има 21 година и настапи за Бразил на Светското првенство во Германија и Грција минатата година, каде беше меѓу најдобрите стрелци на јужноамериканската репрезентација.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре изложба по повод 50 години постоење на Ликовна колонија „Куманово“

Од домашната сцена ново засилување е Благој Христовски.

Loading...

Тој ќе остане во Куманово најмалку до јуни 2026,потпишувајќи двегодишен договор со Куманово.

Благој има 19 години и воск е 193 сантиметри, игра на позиција лев бек и доаѓа од тимот на Еурофарм Пелистер.

 

 

И Давид Димевски ќе ги брани боите на Куманово од следната сезона.

Тој е младински репрезентативец на Македонија и по две сезони минати во Алкалоид, се враќа во родниот град и ќе го облече дресот на Куманово.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски однесе пакетчиња за дечињата во кумановската болница

Меѓу новите засилувања е и кружниот напаѓач Борјан Цековски.

Тој потпиша двегодишен договор со МРК Куманово. Има 18 години и висок е 191 сантиметар.

 

Никола Ивановски