МРК Куманово поразен од РК Струга со гол во последна секунда

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово претрпеа минимален пораз на гостувањето во Струга, со резултат 26-25, во рамки на 7. коло од машката Супер лига.

Мечот беше неизвесен од почеток до крај — по првото полувреме домаќините заминаа со тесна предност од еден гол (16-15), а и во продолжението се водеше израмнета борба.

Стружани до победата стигнаа со погодок во последните моменти од натпреварот, кој го постигна Филип Мечкароски.

Кај победничкиот состав најрасположен беше Наум Костов со осум погодоци, додека кај МРК Куманово ист број голови постигна Огњен Радојчиќ.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово од -16, со пресврт до победа против дебитантот Маџари (ФОТО)