Ракометарите на Куманово запишаа пораз на вчерашната средба против шампионот на Македонија, тимот на Еурофарм Пелистер од Битола.
На гостински терен, но во улога на домаќин во мечот, кумановци мака мачеа да бркаат негатива уште во првиот дел од средбата, па на полувреме се замина со резултат 10:22.
Вториот дел од мечот продолжи исто така во знакот на доминацијата на актуелниот шампион, па мечот заврши со конечни 19:43.
Најефикасен на мечот беше Радивојевиќ со 14 гола, додека Атанасијевиќ постигна осум.
Во редовите на Куманово најдобар беше Вујичевски со шест гола.
Никола Ивановски

