МРК Куманово го совлада РК Радовиш

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов забележаа победа во рамки на 4. коло од плеј аут лигата, откако на гостински терен со 28:24 го совладаа составот на РК Радовиш.

Оваа е трета победа за кумановци во последните четири натпревари.

Најефикасни во составот на Куманово беа Тоше Ончев кој постигна 8 гола, а со два помалку мечот го заврши Египќанецот Омар Мамдух.

Кај домаќините Васе Петров беше најефикасен со пет погодоци.

Во следното коло Куманово е домаќин на Пролет.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за Велигден?