Можна инфекција со мајмунски сипаници и преку контаминирани површини

Сподели со своите пријатели

Истражувањето на германски универзитет покажало дека е можно да се заразиме со мајмунски сипаници преку површини кои ги користеле болни луѓе доколку тие површини се силно контаминирани со вирусот, додавајќи дека тоа е можно само во одредени случаи.

Loading...

„Претпоставуваме дека површините мора да бидат силно контаминирани со вирусот за некој да се зарази со допирање на таква површина“, рече Јоханес Кноблох, раководител на истражување во германскиот медицински центар на Универзитетот Хамбург-Епендорф.

Ова е особено можно кај луѓето кои работат со пациенти со мајмунски сипаници или оние кои живеат заедно со заразено лице, според студијата.

„Според досегашните сознанија, не постои ризик од инфекција со допирање на јавно достапни површини, како што се кваките на вратите или копчињата во лифтовите“, објасни Кноблах.

Се верува дека мајмунските сипаници се шират главно преку близок физички контакт меѓу луѓето.

Иако експертите не веруваат дека оваа вирусна болест ќе го погоди светот во иста мера како и Ковид-19, лекарите ги предупредуваат луѓето, особено трудниците и родителите на децата, да внимаваат на симптомите.