Можеби веќе не прави телефони, но затоа го направи најфлексибилниот екран досега (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

И покрај фактот дека јужнокорејската компанија LG Electronics престана да произведува паметни телефони пред неколку месеци, таа се уште е силна во други области блиски до таа индустрија. Така, нејзината хемиска гранка – LG Chem, штотуку разви нов материјал наменет за флексибилни екрани, благодарение на што тие ќе бидат „тврди како стакло, но флексибилни како пластика“.

Loading...

Технологиите што се користат во процесот на неговото производство истовремено му даваат на стаклото подобрена издржливост и сила, во споредба со секој флексибилен панел што го користат денешните модели. Производот наречен „Вистински преклопен прозорец“ е создаден со примена на премази од специјално развиени материјали од двете страни на таканаречениот ПЕТ филм (слој од термопластичен полимер).

 

 

Само неколку микрометри од новиот материјал нанесен од двете страни на полимерниот филм ќе им овозможи на производителите на екрани да направат многу тенок панел, сличен на прозирна пластика, отпорен на топлина, што ќе им даде на екраните поголема издржливост.

Ова, како што тврди LG Chem, значи дека панелот ќе може да издржи 200.000 свиоци, и дека ќе овозможи производство на екрани кои нема да создаваат брчки, пренесува GSM Arena. Исто така, новиот материјал ќе им овозможи на идните флексибилни екрани да се виткаат и „внатре“ и „надвор“.

Мобилните телефони прво ќе добијат нови флексибилни екрани, а подоцна и лаптопите и таблетите ќе почнат да ги користат исто така.

Loading...