Можеби тој ќе биде новиот папа: Кој е кардиналот Кевин Ферел, в.д. поглавар на Ватикан?

Сподели со своите пријатели

Кога светот дозна за смртта на папата Франциско во понеделникот наутро, ирско-американски кардинал, малку познат на пошироката јавност, ја објави веста.

Loading...

Откако објави дека папата „заминал во домот на таткото“, ирско-американскиот кардинал Кевин Ферел ја презеде една од неговите најважни улоги до сега: онаа на кардинал коморник (camerlengo), личноста која управува со Ватикан по смртта или оставката на папата.

Папата Франциско го назначи на оваа функција во 2019 година.

Кардиналот Ферел ќе остане на функцијата во периодот познат како Apostolica Sedes Vacans – периодот помеѓу смртта или оставката на папата и изборот на нов понтиф.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кога ќе биде пограбан папата Франциско

Тој, исто така, ќе има клучна улога во вековните церемонии на жалост за папата Франциско.

Роден во Даблин во 1947 година, Ферел студирал на Универзитетот во Саламанка во Шпанија и на Папскиот Грегоријански универзитет во Рим, според податоците на Ватикан.

Тој служел во црквите ширум светот – бил свештеник на Универзитетот во Монтереј, Мексико, како и парохија во Бетесда, Мериленд.

Севкупно, 77-годишникот поминал повеќе од 30 години служејќи на црквата во Соединетите Американски Држави.

Loading...

Ферел беше назначен за бискуп на Далас во 2007 година, додека папата Франциско не го повика во 2016 година да го води новоформираниот ватикански оддел за пасторална грижа за семејствата, а во тоа време го унапреди во чин кардинал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што остави папата Франциско по неговата смрт? Не очекувате ваква листа!

Години подоцна, во 2023 година, Франциско го назначи Ферел за претседател на Врховниот суд на државата Ватикан.

Тој беше назначен и за претседател на Комисијата за доверливи прашања.

Како камерленго, кардиналот Ферел ќе има задача да ја организира конклавата – процесот со кој се избира новиот папа.

Технички, може да стане папа, што се случи двапати во историјата: Џоакино Печи (папата Лав XIII) во 1878 година и Еугенио Пачели (папата Пие XII) во 1939 година.

Кардиналот ќе претседава и со потврдувањето на смртта на папата Франциско и ставањето на неговото тело во ковчег.

Потоа се очекува тој да ја предводи поворката која ќе го носи телото на папата од капелата на Домот на Света Марта до базиликата Свети Петар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што работи папата? Ова се должностите и овластувањата на поглаварот на Католичката црква!

Церемонијата би можела да се одржи уште во среда наутро, според Ватикан.

Loading...