Триењето на нозете во кревет не мора да биде безопасно и може да укажува на состојба наречена периодично движење на екстремитетите што влијае на вашите нозе, затоа постојано се грчите или померате во сон…
Кога конечно ќе си легнат по напорниот ден, повеќето луѓе прават многу необјаснива работа. Дури и без размислување, тие ги тријат нозете, односно стопалата за полесно да заспијат.
Но, зошто го правиме тоа?
- Може да биде знак дека имате проблеми со спиењето
Постои состојба наречена периодично нарушување на движењето на екстремитетите, кое влијае на нозете, така што постојано ги грчите или ги померате нозете во сонот.
Ова може да има негативен ефект затоа што сте поспани следниот ден. Ако често се движите во сон и ги триете нозете во кревет, таа состојба е причина за тоа.
- „Немирни нозе“
Можеби постои друга сериозна причина за ова. Ако чувствувате олеснување додека лежите и ги триете нозете, тоа може да значи дека имате синдром на немирни нозе.
Тоа е невролошко пореметување кое нема да ви овозможи целосно да се одморите. За да бидете сигурни дека ова е изворот на проблемот, треба да се консултирате со лекар.
- Тоа е несвесен начин да се смирите
Ние се обидуваме да се „вгнездиме“ во креветот со триење на нозете. Ова создава ефект на близок контакт на кожата и се чувствуваме опуштено.
Познато е дека кожата е многу чувствителна на надворешни допири, па затоа може да биде моќна алатка за релаксација по стресниот ден.
- Можеби е само навика
Ова, се разбира, може да биде и нормален начин или ритуал што го правите за да заспиете. Не мора да има никаков здравствен проблем.
Многу луѓе ги тријат нозете во креветот, дури и без да го забележат тоа. Дури и ако тоа се случило од некоја од споменатите причини, може да прерасне во едноставна навика.