Терминот „vax“ или „vaxxed“ (анг. вакцина или вакцинирани) е избран за збор на годината од лексикографот на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (OED), пренесува Би-би-си.
Употребата на зборови поврзани со вакцини нагло се зголеми во 2021 година поради Ковид, при што зборовите двојно вакциниран, невакциниран и анти-вакцина беа зборови кои беа особено често користени.
Главниот уредник на OED, Фиона Мекферсон, вели дека зборот бил нивниот очигледен избор бидејќи оставил „највпечатливо влијание во општеството“.
– Популарноста на овој збор датира барем од осумдесетите години на минатиот век, но според нашиот корпус до оваа година ретко се користел.
Додадете ја на тоа разноврсноста на зборот во формирањето нови зборови како „vaxxie“ (правење селфи додека ја примате вакцината), vax-a-thon (масовна вакцинација), vaxinist (оној што се фали дека ја примил вакцината и ја промовира во на различни начини) – стана јасно дека зборот „vax“ се издвојува од еден куп други зборови – објасни Мекферсон.
Vax и vaxx се прифатени начини на пишување, но единечната х форма е почеста.