Може ли отсуството на Путин од преговорите да го зајакне Зеленски во очите на Трамп?

Сподели со своите пријатели

Кога Володимир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде уште еден протоколарен самит со ракувања и изјави за медиумите.

Loading...

Она што ќе го видиме е игра на геополитички покер на високо ниво – Зеленски прифати улога во таа игра и сега се обидува да го оспори блефот на Владимир Путин пред очите на целиот свет, анализира Скај.

На масата ќе биде и Ердоган, кој може да игра улога на посредник и судија во оваа ситуација.

Влоговите се огромни – иако изгледа неверојатно, најкрвавата војна во Европа од 1940-тите може да почне да се одвива денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио: Америка е отворена за секаков вид мировни преговори во Украина

Психолошката офанзива на Зеленски

Сепак, со овој потег, Зеленски сака да ги побие изјавите на Путин за мир и да покаже дека тие се празни, бесмислени фрази без никаква содржина.

Доколку рускиот претседател се појави – што сега изгледа малку веројатно откако синоќа беше објавено дека доаѓа руска делегација, а не тој лично – Зеленски најави дека веднаш ќе отпатува од Анкара за Истанбул, каде што ќе се одржат директни преговори.

Тоа е класична, но и многу добро осмислена форма на психолошко надмудрување: Зеленски ја игра играта на Путин, но не му остава простор за маневрирање.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп го повика Зеленски да го прифати рускиот предлог за директни преговори, кој дојде неочекувано во неделата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Нивото на состав на руската делегација е „декоративно“

Тој предлог дојде откако Украина и нејзините сојузници побараа безусловно 30-дневно примирје – Кремљ се обиде да ја разводни таа иницијатива со контрапредлог што би ги одложил конкретните потези.

Зеленски сега ја прифати „понудата“ на Путин и практично го принуди да го направи следниот потег.

Отсуството на Путин би можело да го зајакне Зеленски во очите на Трамп

Секако, можно е Путин да се појави – тоа би бил знак дека го чувствува притисокот: санкциите, загубите на бојното поле и можеби факторот Трамп силно го оптоваруваат.

Но, ако не се појави, ќе покаже она што многумина веќе го мислат – дека е агресор кој нема вистинска волја за мир и само одложува со испраќање пониска делегација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица загинаа во руски ракетен напад во близина на Суми

Тоа би била морална победа за Украина – и можеби тоа би било доволно за Зеленски да добие поголема воена помош од администрацијата на Трамп, и покрај нивната досегашна воздржаност.

Клучното прашање е: може ли Путин да си дозволи лично да не учествува во мировните преговори во Турција?

Можеби може. Но, секој ден што поминува без неговото пристигнување – особено откако предизвикот е јавно адресиран – станува сè појасно кој навистина не сака крај на војната.

Зеленски добро го знае ова. Па така, тој оди во Турција и седнува на масата, поканувајќи го Путин да седне спроти него.

Loading...

Понекогаш дипломатијата не е прашање на преговори и компромис. Понекогаш самото појавување е доволно.