Мотор на авион на Рајанер се запали непосредно пред полетувањето, патниците итно се евакуирани

Сподели со своите пријатели

Од авионот на Рајанер во четвртокот наутро итно се евакуирани 184 патници. Авионот требало да полета од Бриндизи во Италија за Торино, а на евакуацијата ѝ претходел инцидент кога еден од моторите ненадејно се запалил.

Loading...

Евакуацијата на патниците била итна, а капетанот решил да ги искористи тобоганите.

Во меѓувреме интервенирале и пожарникарите кои го изгаснале пламенот, јавуваат италијанските медиуми.

Причината за пожарот на моторот на авионот се уште не е позната, а аеродромот во Пуља соопшти дека пожарот избувнал кога авионот бил на местото на полетување.

Локалните власти во италијанскиот регион Апулија, каде што се наоѓа Бриндизи, побараа сослушување за безбедноста на летовите на Рајанер, поради честите несреќи.

„За среќа нема повредени, но ова е втора несреќа за неколку дена во која учествува ирската компанија. Пред само два дена, гумите на авионот експлодираа при слетувањето во Бергамо: никој не беше повреден, но аеродромот беше затворен со часови“, потсетија официјалните лица, а пренесуваат локалните медиуми.

„Минатиот мај летот од Бари за Лондон се врати во градот Апулија поради проблеми со инструментот; неколку дена подоцна, лет од Болоња за Брисел слета во Луксембург поради пожар. И ова се само дел од многуте, премногу несреќи што го снашле Рајанер во последните месеци, во Италија и Европа“, заклучуваат тие.