Општината Куманово донесе одлука за определување на две нови локации каде што ќе може да се паркираат мотокултиваторите на привремена основа.
Новите места се: локацијата на влезот од Спомен Костурница и паркинг просторот кај поранешен објект „Житомел“ на улицата „Октомвриска револуција“.
Оваа одлука беше донесена денеска на состанок на кој присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот, секретарот на општината, директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, како и претставници од секторите за инспекција, комунални работи, заштита на животна средина и од СВР Куманово, заедно со сопствениците на мотокултиватори.
– Целта на средбата беше да се разгледаат тековните предизвици поврзани со користењето на мотокултиватори, нивното влијание врз животната средина и урбаното живеење, и да се најдат конкретни решенија за уредување и заштита на просторот. Покрај утврдувањето на локациите за паркирање, беше договорено и спроведување заедничка акција за расчистување на смет од дивите депонии, при што ќе учествуваат и сопствениците на мотокултиватори, велат од општината.
Никола Ивановски