Мотоциклистот во животна опасност префрлен на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Со тешки телесни повреди опасни по живот во кумановската болница бил примен мотоциклистот Д.Д. роден 1985 година од Куманово, потврдија од СВР Куманово за Кумановски Муабети.

Несреќата се случила околу 14:45 часот на крстосницата помеѓу улиците „Никола Тесла“ и „Доне Божинов“ откако мотоциклистот движејќи се со својот мотор од населбата Карпош кон ццентарот на градот изгубил контрола над моторот, започнал да губи рамнотежа и удрил директно со глава во коловозот.

Од ударот се здобил со тешки телесни повреди, при што вендаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош и истиот во животна опасност бил транспортиран на скопските клиники.

Увид на лице место изврши екипа на СВР Куманово по што ќе се знаат причините кои довеле до несреќата.