Мотоциклист загина на автопатот Куманово – Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен мотоциклист од кумановското село Лопате ноќва загина во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Табановце.

Loading...

– Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР; во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со молотов коктел предизвикал пожар. Имал 2,4 промили алкохол