Мотоциклист тешко повреден во сообрќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен мотоциклист бил тешко повреден откако се судрил со „фолксваген пасат“ на магистралата Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 01.06.2024 околу 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка и земјен пат што води кон с.Облавце, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(55) од с.Облавце и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.С.(50) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Младата Драгана Јовановска од Куманово лансираше нова песна: „Оди си” (ВИДЕО)

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски