Дваесет и деветгодишник се здобил со тешки повреди откако со својот мотор излетал од патот Куманово – Свети Николе.
– На 20.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Св.Николе, во атар на с.Скачковце, кумановско, 29-годишниот Б.К. од с.Кучкарево, кумановско, управувајќи мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил Б.К., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски