Дваесет и тригодишно момче од Скопје е тешко повредено по судир со автомобил управуван од жител на Куманово.
Loading...
– На 22.08.2020 околу 17.20 часот на ул.„Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Е.С.(42) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Б.М.(23) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Никола Ивановски