Дваесет и едногодишен кумановец бил тешко повреден откако со својот мотоцикл „јамаха“ се судрил со „БМВ“.
– На 01.06.2024 во 21.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“, ул.„Есперанто“ и локален пат за с.Романовце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Д.(24) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, управуван од С.О.(21) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоцикл, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски