Мотоциклист и негов сопатник повредени во сообраќајка во липковско

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две лица од кои едно потешко, биле повредени во сообраќајка која се случила вчера на патот од Виштица кон Никуштак меѓу „јамаха“ и „голф“.

– На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат с.Виштица-с.Никуштак и пат за с.Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл  „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од с.Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ауди“ излетало од патот Куманово – Свети Николе, тројца повредени

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски