Мотоцикл вчеравечер бил опожарен на улицата „Страшо Пинџур“ во Куманово, информираат денеска од полицијата.
Loading...
– На 03.07.2024 година во 19.39 часот во СВР Куманово, Е.М. пријавила дека на улицата „Страшо Пинџур“ во Куманово настанал пожар во мотоцикл „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, велат од Секторот за внатрешни работи.
Пожарот, како што додаваат оттаму, бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски