Претставници од Спортското здружение на мотоциклисти – Мото клуб „Мечки“ од Куманово денеска во просториите на Општината им доделија благодарници на градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Со овој чин, мото клубот ја изрази својата благодарност за поддршката што локалната самоуправа ја овозможи за одржување на традиционалната манифестација „Bears moto rock fest“.
Настанот се одржа на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово и собра бројна публика со настапи на повеќе рок групи од Македонија и соседните држави.
Од Општина Куманово потенцираа дека и понатаму ќе продолжат да даваат поддршка на културни и забавни настани кои ја промовираат локалната заедница и придонесуваат за збогатување на јавниот живот во градот.
Никола Ивановски