Мостот на „Доне Божинов“ завршен, сообраќајот повторно нормализиран

Сподели со своите пријатели

Завршија градежните работи на мостот лоциран на улицата „Доне Божинов“ во населбата Средорек, при што сообраќајниот режим повторно е нормализиран.

Loading...

– Во координација со претставници на општинските служби и сообраќајната полиција од СВР Куманово направен е увид на локацијата и констатирано е дека техничките услови за безбеден сообраќај на улицата „Доне Божинов“ се исполнети со отстранувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација, информираат од компанијата „Х.Ф. Вибе“.

Сообраќајот претходно се одвиваше преку т.н. тунел, кој беше направен со цел безбеден проток на возилата додека траат градежните зафати. Реконструкцијата на мостот започна кон средината на февруари и требаше да трае до јули.

Мостот е дел од железничкиот „Коридор 8“.

Leave a Reply