Москва започнува истрага за обвинувањата на Киев за злосторства во Буча

Сподели со своите пријатели

Главниот руски истражител денеска нареди официјална истрага за украинските „провокации“ откако Киев ја обвини руската армија за убиства на цивили во градот Буча.

Loading...

Шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин нареди истрага за намерно ширење „лажни информации“ за активностите на руските вооружени сили во Буча, се вели во соопштението на Комитетот.

 

ЛЕДИ КРВ ВО ВЕНИТЕ: Ров долг 14 метри, а во него цивилни жртви

 

Украинските власти и медиумите споделија видео, наводно снимено во градот Буча во Киевската област, на кое се гледаат телата на загинатите како лежат на патот, за кои Киев тврди дека се цивили.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека сите фотографии и видео материјали објавени од Киев се „провокации“ и дека ниту еден локален жител не бил убиен во насилни акции додека Буча бил под контрола на руските сили, јави Танјуг.

 

Loading...

Украина: Русија мобилизира уште 60.000 војници

 

Министерството истакна дека сите руски единици ја напуштиле Буча на 30 март и дека украинските војници дење и ноќе ги гранатирале јужните делови на градот, вклучително и станбените области од артилерија од голем калибар, тенкови и повеќецевни ракетни системи.