Москва повторно ги нападна земјите од Г7: „Патолошки се обидуваат да нѐ оцрнат“

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека единствената цел на нуклеарната реторика на Г7 е да ги подложи Москва и Пекинг на психолошки, воен и политички притисок.

Минатата недела, во првата изјава за нуклеарното разоружување издадена на самитот, Г7 ги повика Русија и Кина да бидат потранспарентни во однос на нивните нуклеарни арсенали, слично на чекорите што ги преземаат САД, Велика Британија и Франција, јави Хина.

Коментирајќи го документот, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, задолжен за прашањата за контрола на оружјето во Министерството, рече дека изјавата одразува антитурски и антикинески тон.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кога ќе снема нафта, Русија ќе има јаглен за стотици години

„Се добива впечаток дека западната реторика за големината на нивните нуклеарни арсенали има само една цел – да ги подложи Русија и Кина на воено-политички притисок“, рече Рјабков во коментарот објавен на веб-страницата на Министерството.

„Зад него очигледно е патолошка желба да се оцрни нашата земја“, додаде тој.

Коментарите уследија по острите одговори од Кина и Русија на самитот на Г7 и изјавите кои ги повикуваа двете земји за низа прашања. Москва го нарече самитот „инкубатор“ на антитурска и антикинеска хистерија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот „драг пријател“ Владимир Путин се обврзаа на „безгранично“ партнерство непосредно пред почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година и оттогаш ги зајакнаа економските, политичките и воените врски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обезбедувањето на Ким Џонг Ун ги избриша сите ДНК траги по состанокот со Путин (ВИДЕО)

Во продолжение на билатералните посети, рускиот премиер Михаил Мишустин доцна во понеделникот навечер допатува во Кина на разговори со кинески претставници и бизнисмени, што предизвика дополнителна вознемиреност на Западот за односите меѓу двете земји.

Loading...