Москва објави дека загинале 498 руски војници во Украина

Сподели со своите пријатели

„За жал, претрпевме жртви меѓу нашите соборци во специјалните воени операции. 498 руски војници загинаа на должност“ за време на руската инвазија на 24 февруари, изјави портпаролот на руската војска Игор Коначенков на прес-конференција.

Loading...

„Семејствата на загинатите ќе добијат секаква можна помош. Ранети се 1.597 наши соборци“, додаде тој.

Според него, загубите на страната на „украинските војници и националисти“ изнесуваат „2.870 загинати и околу 3.700 ранети“.