Москва нема уште долго да го трпи секојдневното гранатирање на Дамаск и околинат аод страна на милитантите од Источна Гута, рекол Владимир Путин по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Путин рекол дека енклавата Источна Гута, која овие денови е во светската јавност, бројни терористички групи ја користат како центар за своите операции, од каде вршат и до 80 напади дневно врз сириската престолнина и нејзинат аоколина.
– На сите добро ни е познато, барем тоа сите во Русија го знаат, дека гранатите паѓаат дури и на територијата на руската амбасада и руската трговска мисија. Дали тоа засекогаш ќе го трпиме? Ситуацијата е тешка, а перспективата на мирно речение зависи од вклучените страни, од нивната внатрешна желба да остварат такво решение и да го сочуваат територијалниот интегритет и единство на својата земја, рекол Путин и додал дека во таа насока, од високо значење е и влијанието на клучните регионални, но и меѓународни играчи.
Како што посочува, Москва ќе тежнее да воспостави политички дијалог во Сирија и да обезбеди почеток на работата на новиот сириски устав.
Москва, исто така, ќе тежнее и зоната на деескалација да ја претвори во зона на соработка помеѓу сириските власти и опозицијата, нагласил Путин.
Авсрискиот лидер Себастијан Курц побарал Русија да го искористи своето влијание врз сирискиот режник, за да издејствува дипломатско решение на долгогодишниот конфликт, додавајќи дека со оглед на влијанието кое го има во Дамаск, Русија има и можност да го искористи.