Москва: Наскоро докази за вмешаност на Пентагон во биолошки лаборатории

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана наскоро ќе претстави документи кои покажуваат дека биолошкиот проект UP2 е развиен во Украина и одобрен од Пентагон, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

„Многу наскоро ќе ги покажеме оригиналните документи кои покажуваат дека биолошкиот проект UP2, за кој веќе зборувавме, се развивал и дека Пентагон го одобрил“, рече тој, пренесува ТАСС.

 

Бајден пристигна во Европа, започнува клучниот состанок на НАТО (ВИДЕО)

 

Според него, главната цел на проектот била да се спроведе молекуларна анализа на екстремно опасните патогени.

„Овој вид на работа вклучува земање примероци од патогени од местата каде што се закопани мртвите животни, со цел да се произведе нов вид на антракс“, рече Конашенков.

Тој исто така нагласи дека експериментите на Пентагон не биле насочени исклучиво кон развој на опасни заразни болести.

 

Украинска морнарица: Го уништивме рускиот носач Орск

 

Како пример од документот, тој наведе дека фармацевтската компанија, која има договор со американската армија, соработувала со украинското Министерство за одбрана со цел да тестира нерегистрирани лекови против украински војници.