Москва ја обвини Јапонија за русофобија

Сподели со своите пријатели

Русија, која со децении е во територијален спор со Токио, ја обвини Јапонија за русофобија и изведување „злобни напади“ поради војната во Украина.

Loading...

Советските трупи ги окупираа островите во северна Јапонија на крајот на Втората светска војна, а нерешениот проблем на суверенитет над синџирот острови, познати во Русија како Курилски острови и во Јапонија како северни територии, ги спречи двете страни формално потпишување мировен договор, објави Ројтерс.

Јапонија, која им се придружи на сојузниците во воведувањето санкции кон Русија поради нејзиниот напад врз Украина, го одбележува Денот на северните територии на 7 февруари за да го потсети својот народ дека островите се нивни, наведува британската новинска агенција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „овогодинешниот настан е особено обележан со русофобија“, повикувајќи се на изјави на јапонски официјални лица и „агресивни акции“ на екстремно десничарските јапонски сили во близина на руските мисии.

„Забележавме дека овојпат неоснованите територијални претензии на јужните Курилски острови беа проследени со жестоки напади врз Русија, во врска со ситуацијата во Украина“, рече Захарова.

Руската армија е присутна на островите, каде живеат околу 20.000 луѓе. Захарова, повторувајќи ја долгогодишната позиција на Русија дека има суверенитет над островите, ја обвини Јапонија дека се обидува да ја промени историјата и да ја игнорира повоената реалност.