Москва и Техеран продолжуваат со планот за изградба на нова фабрика во Русија која ќе може да направи најмалку 6.000 ирански дронови за војната во Украина, што е најнов знак за продлабочување на соработката меѓу двете земји, изјавија неименувани претставници на земја блиска до Америка, пренесува Танјуг.
Како дел од зајакнувањето на воениот сојуз, додадле официјалните лица, висока иранска делегација отиде во Русија на почетокот на јануари за да ја посети планираната локација на фабриката и да ги разработи деталите за проектот, објави Волстрит журнал.
Двете земји имаат намера да изградат побрзи дронови кои ќе создадат нови предизвици за воздушната одбрана на Украина, изјавија официјални лица.
Претходно, американските власти соопштија дека Техеран испратил неколку стотици дронови во Москва кои наводно биле користени за напади врз цивилни цели во Украина.
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека Русија и Иран развиваат „тотално одбранбено партнерство“.
Белата куќа објави дека Москва обучува ирански пилоти да управуваат со руски борбени авиони, со намера да ги испрати тие авиони во Техеран на крајот на годината.