Руското Министерство за одбрана денеска ги обвини Соединетите Американски Држави дека финансираат програма за развој на биолошко оружје во Украина.
Како што се наведува, во украинските лаборатории биле пронајдени докази дека САД ја финансирале оваа програма.
Русија се повлекува од Советот на Европа: Уживајте, но без нас
„Целта на ова биолошко истражување во Украина беше да се создаде механизам за тајно ширење на смртоносните патогени“, рече портпаролот на министерството Игор Конашенков на утринскиот брифинг за конфликтот во Украина.
Конашеков изјави дека истражувањето е финансирано од Пентагон.