Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Западот не сака на мир да ја реши ситуацијата околу Украина.
Сегашната ситуација е епохална, се води „битка“ за тоа како ќе изгледа светскиот поредок“, рече Лавров.
Украински обвинител: 103 деца се убиени од почетокот на руската инвазија
Зборувајќи за преговорите меѓу Русија и Украина, рускиот министер додаде: „Има некоја надеж“.
„Самиот претседател Володимир Зеленски неодамна даде неколку интересни изјави“, рече Лавров.
САД имаат одлучувачко влијание врз украинските власти, рече Лавров.
Тој додаде дека Русија е подготвена да се договори за оние видови оружје во Украина што нема да претставуваат закана за Руската Федерација.
https://kumanovskimuabeti.mk/ukrainskata-armija-objavi-sliki-vaka-izgledaat-okupatorskite-helikopteri-foto/
Лавров рече дека Западот почнал да го „слабнува“ украинскиот народ и да го свртува против Русите.
Зборувајќи за средбата во Анталија, Лавров истакна дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба не презентирал нови идеи и дека белорускиот формат останува главната преговарачка платформа.
Лавров ја поздрави одлуката на НАТО да не го затвора небото над Украина.
„Одбивањето на НАТО да не го затвори небото над Украина укажува дека сѐ уште има разумни луѓе во алијансата“, рече тој.
Како услов Лавров изјави дека Русија е подготвена да ги бара сите начини за обезбедување на безбедноста, „освен проширувањето на НАТО на исток“.
„Западот не сакаше да ја реши безбедносната ситуација во светот. Воената операција не е толку за Украина колку за светскиот поредок. САД под Бајден ја освоија Европа, а сегашната криза е епохален момент во одредувањето на светски поредок“, рече тој.
Лавров рече дека „ароганцијата е несфатливо чувство на супериорност на Западот, кој реши да управува со сите процеси во свои интереси, доведе до сегашната ситуација“.
Објавена снимка од моментот кога руски проектил погодува 12-катница во Киев (ВИДЕО)
„Сите руски предупредувања се игнорирани“, рече тој, додавајќи дека сега сериозно се разговара за неутралниот статус на Украина во преговорите за други безбедносни прашања.
„Веќе постои одреден јазик кој е блиску до договор. Едно од главните прашања во преговорите е статусот на рускиот јазик и медиумите на руски јазик во Украина, гаранциите за правата на националните малцинства, вклучително и Русите, рече тој.