Московското метро го нарекуваат „подземна палата“, а тоа крие и една голема тајна (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Московското метро е едно од најубавите благодарение на орнаментите, мозаиците, мраморот и детално украсените колонадами поради што често се нарекува и „Подземна палата“. Тој железнички „музеј“ на бурно руско минато е раскошко осмислен во чест на Сталин и партијата.

Сталин за изградбата на Метро 1 ги избрал најдобрите архитекти и уметници. Нивната заедничка работа резултирала со спој на класицизам, барок и реализам преку кои им се одала почест на најзначајните личности, револуцијата, успесите во спортот…

Со 12 линии, 214 станици и 364 километри, метрото не планира да застане. До 2020. година би требало да добие уште 76 станици.

 

Loading...

 

Длабоко под земјата наводно постои и Метро 2. Јавна тајна за подземната московска железница изградена во време на почетокот на студената војна и натаму предизвикува контроверзии.

Сојузната служба за безбедност на Руската Федерација ниту има потбрдено, ниту пак го негира постоењето на железницата Метро 2, која наводно се наоѓа на длабочина од 50, па дури и 200 метри под земјата, означена со Д-6, кодно име од КГБ.

Наводно го поврзува Кремљ со седиштето на Сојузната служба за безбедност на Руската Федерација, како и аеродромот Внуково и подземниот град Раменки. Краците на линијата допираат далеку надвор од Москва спојувајќи локации од национална важност. Некои сметаат дека водат до тунели кои го прекриваат поголемиот дел од Русија.

 

 

За време на изградбата не се поставувани прашања кои би можеле некого да го чинат живот, но денес повремено се јавуваат сведоци кои јавно говорат дека учествувале во изградбата на овој таен комплекс. Меѓутоа, контретни докази за постоњето на Метро 2 се уште нема.

Loading...

Leave a Reply