Морничава снимка: Лавина „проголта“ италијански скијачки центар! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Социјалните мрежи беа преплавени со морничаво видео од лавина што се сруши по стрмна падина во близина на италијанскиот скијачки центар Курмајор во вторник.

Видеото е снимено од скијачи кои случајно се нашле на местото на несреќата, а сè уште не е познато дали некој е повреден.

Само неколку дена претходно, двајца скијачи загинаа во сличен инцидент во истиот скијачки центар, објавува Дејли Меил.

Новите снимки покажуваат огромен облак од снег и мраз како се спушта низ високи борови кон скијачите, кои се обидуваат да избегаат во неверица. Брзо се појави паника, а снегот покри дел од посетителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони: Италија нема да влезе во војна против Иран

Претходна трагедија се случи во неделата на Кулоар Весес, позната патека за фрирајд во Курмајор, објави Италијанската планинска служба за спасување.

Потоа лавината зафати тројца мажи – еден почина на местото на несреќата, вториот подлегна на повредите на пат кон болницата, додека третиот беше тешко повреден и префрлен во болницата Ле Молинет во Торино, пишува News18.

Во спасувањето учествуваа 15 спасувачи, три кучиња-трагачи и два хеликоптери, но идентитетите на жртвите сè уште не се објавени.

Курмајор е мал град со само околу 2.900 жители, сместен на северозападот од Италија.

Скијачките центри во регионот беа под високи предупредувања за лавини откако свежите снежни врнежи ги дестабилизираа внатрешните слоеви снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун со ќерката го гледаа лансирањето на стратешки крстосувачки ракети (ФОТО)

Во текот на изминатата недела, Италија регистрираше рекорден број на загинати скијачи и планинари – од вкупно 13 смртни случаи, дури 10 се случија во лавини.