Морето во Јапонија преку ноќ ја смени бојата, сега е црвено (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По истекување од локална пиварница, морето во градот Наго, Јапонија, стана црвено.

Loading...

Градот инаку е познат по смарагдното море и песочните плажи, па настанот ги шокираше жителите и посетителите.

Локалните жители и посетителите на јапонскиот град Нага на островот Окинава се разбудиле во вторникот и откриле дека инаку чистото сино море станало темно црвено.

Причината за шокантната боја на морето е истекување од локална пиварница која испуштила течност за ладење за да ја регулира температурата на опремата за производство на пиво во блиската река.

„Се извинуваме за непријатностите и загриженоста што ги предизвикавме. Веруваме дека бојата на морето е предизвикана од истекување на пропилен гликол“, соопштија од пиварницата „Орион“ и соопштија дека презеле мерки за да не се повтори истекувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УНИЦЕФ: Благосостојбата на децата во богатите земји влошена по пандемијата

Протекувањето било запрено во 9:30 часот по локално време.

Окинава тајмс цитираше неименуван локален здравствен службеник кој вели дека „не се очекува големо влијание врз животната средина“ од истекувањето.

Пропилен гликолот се користи и како додаток на храна и во фармацевтската и козметичката индустрија.

Loading...