Млада мајка од Велика Британија се нашла во прилично непријатна и стресна ситуација кога во задникот и се заглавил вибратор.
Софи (27) од Есекс заврши во итната медицинска помош, а подоцна и на операција бидејќи вибраторот и се заглавил во задникот. Таа го сподели своето искуство со своите следбеници на ТикТок, а видеото набрзо стана вирално. Видеото во кое таа споделува фотографии со рендген собра над 140.000 лајкови, а луѓето сакаа да знаат како таа се нашла во таа ситуација.
„Кога го ставив, беше вклучен, а откако се заглави, немав начин да го исклучам и сигурно вибрираше неколку часа“, рекла Софи, а потоа објаснила:
– Се обидов да заспијам, но беше многу тешко. Викнав брза помош да ги прашам за совет, а тие сакаа да ми испратат лекари. Им реков дека ќе дојдам наутро бидејќи моите деца спијат и не можам да ги оставам сами. Се обидов да заспијам, што беше доста тешко бидејќи чувствував вибрации во ‘рбетот – продолжува Софи.
Таа вели дека конечно успеала да заспие, а кога се разбудила утрото, вибрациите престанале, па претпоставила дека батеријата е испразнета.
– Утрото отидов во брза помош. Докторите пробаа се, дури и со раце се обидоа да го отстранат вибраторот, но не успеа. На крајот не остана ништо друго освен да ме пратат на операција – рекла Софи и заклучила:
– Кога се разбудив по операцијата до креветот ми беше вибраторот. Бев љубопитна и решив да го погледнам. Го притиснав копчето и почна да вибрира. Батеријата, се чини, сепак не беше испразнета.
@zone4trill #tiktoker #sophzaloafs ♬ About Damn Time – Lizzo