Најмалку 29 лица загинаа денеска во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните монсунски дождови во југозападен и северен Пакистан, соопштија властите.
Покрај жртвите, има и многу повредени во најтешко погодените пакистански провинции југозападен Балучистан и северен Гилгит-Балтистан, јавува Anadolu Agency.
Се додава дека во тие региони врнежите и поројните поплави однеле мостови и куќи, предизвикале лизгање на земјиштето и ги отсекла градовите и селата од останатиот дел од земјата.
– Најмалку 20 смртни случаи се пријавени во Квета, главниот град на Балучистан и во неколку други области во последните 24 часа во несреќи предизвикани од дождот – пренесе локалната телевизија „Down Noose“.
Фарах Азим, портпаролка на провинциската влада, рече дека околу 35 луѓе ги загубиле животите низ провинцијата за време на тековниот период на монсуните, како и пред монсуните што го погодија регионот кон крајот на јуни.
– Вкупно 77 луѓе загинаа низ Пакистан од 14 јуни – изјави министерката за животна средина и климатски промени Шери Реман.