Монструмот Јозеф Фрицл (88) кој 24 години ја држел ќерка си затворена во подрум, ја силувал и со неа станал татко на седум деца, ужива пиејќи кафе во неколку кафулиња во градот Кремс ан дер Донау пред затворот каде што издржува доживотна затворска казна, пишува Дејли Мејл.
Нему му беше одобрен условно отпуст, за што одлучи тричлениот совет на Окружниот суд во Кремс ан дер Донау, а рочиштето беше затворено за јавноста.
Одлуката не е правосилна бидејќи на рочиштето не се појави претставникот на јавното обвинителство.
Според судот, обвинителството сега има рок од 14 дена да поднесе жалба.
– Бевме успешни. Беше долго сослушување. Тој повторно сподели како се кае за тоа што го направил. Тој всушност беше блиску до солзи. Накратко, судот дојде до заклучок дека мојот клиент всушност повеќе не е опасен – изјави неговата адвокатка Астрид Вагнер.
Пристигнаа и првите фотографии направени преку прозорецот на полициското возило додека се вози низ задниот влез на Окружниот суд. Ова се првите снимки по 15 години поминати во затвор.
– Вистината е. Неколку луѓе на кои целосно им верувам ми кажаа дека го виделе. Не дека само еден жител е убеден дека го видел Фрицл. Оваа информација ја добив од неколку луѓе, независно еден од друг – изјавила жената која сакала да остане анонимна за австриските медиуми.
По денешното рочиште, адвокатите на Фрицл изјавија дека тој ќе биде преместен од ментална установа во редовен затвор.
Претходно пристигна информација дека според неодамнешниот психијатриски извештај Фрицл боледува од деменција и повеќе не претставува опасност за јавноста.
Според неговиот адвокат, неговиот сексуален нагон исто така целосно исчезнал.
Тврдат дека на 88-годишникот не му бил лесен животот во затвор.
– Фрицл нема да има шанса кога ќе го пратат во затвор. Претходно веќе му ги чукнаа забите – изјавил еден од затворениците за германски Хеуте.