МОНСТРУМИ: Посвоиле пет деца, па ги чувале во штала и ги терале да работат како робови

Сподели со своите пријатели

Доналд Реј Ланц (63) и Џин Ки Вајтфедер (62) од Западна Вирџинија беа обвинети за занемарување на деца.

Loading...

Тие, наводно, ги принудувале своите посвоени деца да работат како робови и да живеат во штала.

Беа уапсени во октомври минатата година, откако беше откриено дека пет посвоени деца – на возраст од 6, 9, 11, 14 и 16 години, живеат во лоши услови.

Полицијата ја повикал соседот загрижен за благосостојбата на малолетниците.

– Соседите пријавиле дека децата биле принудувани да вршат земјоделски работи и дека не им дозволувале да влезат во куќата – се наведува во обвинението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меланија Трамп синоќа ја прекрши децениската американска традиција!

При интервенцијата полицијата во плевната затекнала 14-годишно момче и 16-годишно девојче.

Внатре немало светлина или проточна вода.

Еден од тинејџерите во полиција изјавил дека последен пат јаделе пред 12 часа и биле принудени да спијат на бетонот.

Loading...

Судија: Децата биле користени како робови

Ланц и Вајтфедер вчера пред судот се изјаснија дека не се виновни по повеќе обвиненија, вклучително и трговија со деца, детски труд и занемарување на децата, објави локалниот медиум Метро Њуз.

Судијата рече дека децата „во основа биле користени како робови“.

Тие, исто така, се соочуваат со обвинувања за кршење на човековите права за конкретно таргетирање на деца со темна кожа и принудување на работа поради раса, објави Метро Њуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ММФ: Американската економија силно расте, но проблемот е јавниот долг

Нивната кауција беше одредена на 500.000 долари.